Димитриевски се повреди, но издржа до крај и го спаси својот тим

Репрезентативниот голман Столе Димитриевски заработи и повреда на дуелот против Леванта од 17. коло во Ла Лига на кој неговиот Рајо Ваљекано славеше со 2-1.

Во 87. минута од средбата Димитриевски заработи повреда по еден незгоден судир со Веласкез. Имаше неколкуминутен прекин за да му се укаже помош од лекарскиот тим, па го продолжи дуелот издржувајќи до крајот. Во 92. минута и имаше и убава интервенција по шутот на Симон спречувајќи израмнување и спасувајќи три бода за својот тим. Заработи и жолт картон во 95. минута за задржување на време.

Во текот на утрешниот ден се очекуваат дополнителни прегледи и попрецизни информации околу тежината на повредата и евентуалното влијание околу неговите настапи наредниот период.

Се вчитува...