Димитриевски скромен: Победата на Рајо е поважна од моите одбрани

Столе Димитриевски е еден од најзаслужните што Рајо Валјекано успеа да триумфира над Леванте и да прокнижи три многу значајни бодови во битката за опстанок. Македонскиот голман минатиот месец конечно ја доби довербата на стручниот штаб, по што со одлични настапи максимално го оправдува епитетот на прв чувар на мрежата на мадридскиот клуб.

Димитриевски ги собра комплиментите и по дуелот со Леванте, но Македонецот останува скромен како и секогаш, во преден план ставајќи го колективот.

„Имав одбрани и сето тоа е супер, но за мене најважни се бодовите на Рајо, не бројот на моите интервенции. Пресреќни сме што победивме на дуелот со Леванте и на тој начин им се заблагодаривме на навивачите за фантастичната поддршка. Задоволен сум од својата форма, самодовербата ми е на високо ниво и верувам дека ќе бранам уште подобро во периодот што следи“ – истакна македонскиот голман.

Рајо Валјекано и покрај оваа победа остана на претпоследното место на табелата со 13 бода, три помалку од Атлетик Билбао на 17. позиција.

Се вчитува...