Димитриевски: Со нетрпение го чекам соочувањето со Барди

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски викендов на мегдан со својот Рајо Ваљекано против Леванте, тимот во чии редови е Енис Барди. Македонско соочување на репрезентативците, за првпат откако и двајцата „фудбалскиот леб“ го печалат во Шпанија.

По двата претходни порази, во таборот на Рајо Ваљекано без сомнение посакуваат триумф против Леванте верувајќи дека од тој меч конечно ќе почнат и со битката за издвојување од дното на табелата.

„Со нетрпение го чекам соочувањето со Енис Барди, мојот репрезентативен колега кој игра одлична сезона во Леванте. Но, во тоа соочување дефинитивно желбата е триумф со кој ќе ги избришеме претходните два порази. Играме добро па верувам дека можеме до трите бода“ – вели Димитриевски во пресрет на „македонскиот дуел“.

Натпреварот меѓу Рајо Ваљекано и Леванте се игра в недела од 18:30 часот.

Се вчитува...