Димитриевски: Среќен сум за победничкиот старт на сезоната

Рајо Валекано на нашиот Столе Димитриевски ја започна новата сезона во шпанското превенство со победа од 2-0 на гостувањето кај Алмерија.

Одличен настап на голот имаше и македонскиот чувар на мрежата кој по натпреварот не го криеше задоволството од првите три бода во сезоната.

„Среќен сум за ваков почеток на сезоната. Ги искористивме своите шанси и победивме. Работиме навистина добро како тим. Бевме многу компактни и тоа беше видливо. Се радувам за навивачите кои дојдоа на ова гостување, оваа победа е за нив“, изјави Столе.

Се вчитува...