Димитријевиќ го изедначи рекордот во Еврокупот – Хувентуд е прв во групата (ВИДЕО)

Ненад Димитријевиќ го предводеше Хувентуд до врвот во групата „А“ во Еврокупот откако на домашен терен во одлучувачкиот натпревар за првото место шпанскиот состав славеше со 84-77 над Уникс.

Македонскиот репрезентативец одигра извонреден натпревар кој го закити со изедначување на личниот рекорд во Еврокупот. 22-годишникот натпреварот го заврши со 23 поен со реализација 6/7 за два, 1/3 за три поени и перфектни 8/8 од линијата за слободни фрлања, а додаде и две асистенции, еден скок и една украдена топка за 20 минути поминати на паркетот.

По одличното прво полувреме во кое репрезентативниот бек забележа 17 поени за осум минути, тренерот на Хувентуд го остави Димитријевиќ на клупа во третата четвртина со што се наруши ритамот на Македонецот. Сепак на крајот 22-годишникот со своја серија од 4-0, од кои поени од поле и две слободни фрлања донесе победа за својот тим.

Се вчитува...