Димитријевиќ со 10 поени за 13 минути во поразот на Хувентуд од Барселона

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше повеќе од квалитетна партија за минутажата која ја доби на дуелот против Барселона во 15. коло од АЦБ-лигата.

Хувентуд загуби со 88-74 на гостувањето против Барса, а Димитријевиќ за 13 минути на паркетот постигна 10 поени, дополнети и со еден скок.

За Хувентуд ова беше петти пораз сезонава, а Барселона дојде и до дванаесетата победа со која се израмни со Тенерифе на врвот од табелата.

Се вчитува...