Димов: Резултатот од Гдањск е нереален, утре сакаме чудо!

Искусниот дефанзивец на Академија Пандев, Диме Димов најавува максимална борба негова и на соиграчите на утрешниот реванш натпревар против Лехија Гдањск во 1. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.

„Пандевци“ загубија со убедливи 4-1 во Гдањск, но Димов вели дека резултатот е крајно нереален ако се погледнат случувањата на теренот.

„Ќе одиграме максимално утре, резултатот од првиот меч е нереален затоа што таму одигравме добар офанзивен фудбал со многу создадени но неискористени шанси. Сега ќе направиме се да одиме во следната рунда. Утре ако сакаме чудо, треба да не примиме гол, треба да бидеме 200% подготвени да го дадеме максимумот, тие казнуваат секоја грешка. Спортски е да се надеваме дека со брз гол, можеме до чудо“ – вели Димов.

Натпреварот меѓу Академија Пандев и Лехија Гдањск се игра утре од 17 часот на стадионот на комплексот на ФФМ во Скопје.

Се вчитува...