Дина Ашер – Смит го освои златото на 200 метри, Холовеј најбрз на 110 метри со пречки

Британската спринтерка Дина Ашер – Смит доминантно го освои златниот медал во трката на 200 метри. Таа беше единствената која во финалето трчаше под 22 секунди поставувајќи нов национален рекорд. Таа е првата атетичарка од Велика Британија која успеала да се закити со најсјајното одличје во спринтерските дисциплини, со време од 21.88 секунди.

Второто место и припадна на Американката Британи Браун која зад своето име запиша четири четворки (22.22 секунди) остварувајќи го најдобриот личен резултат. Бронзата ја грабна Муџинга Камбуџи со 22.51 секунди како еден вид сатисфакција за тоа што за само една илјадитинка не влезе во финалето на трката на 100 метри.

Американецот Грент Холовеј беше најбрз во трката на 110 метри со пречки. Тој победи со време 13.10 секунди и за пет стотинки го остави зад себе Сергеј Шубенков. Третото место му припадна на Паскал Мартино-Лагард.

Се вчитува...