Дино Раѓа: Во хрватската репрезентација ќе нема место за алкохолизирани играчи

Сериозна е кризата во хрватската репрезентација, откако и со НБА-ѕвездите во своите редови „коцкестите“ ги загубија речиси сите шанси за пласман на СП 2019 во Кина. Ниту новиот селектор Анзуловиќ не успеа да создаде здрава спортска средина во националниот тим, а во ситуација кога голем дел од јавноста почна да бара и промена од врвот на федерацијата, со која раководат Стојко Вранковиќ и Дино Раѓа, стигна и одговор од челниците. Раѓа повторно се осврна на проблемите во националниот тим најавувајќи дека „во иднина ќе нема место за алкохолизирани играчи“, што само по себе го покренува прашањето кој покажувал таков непрофесионализам додека се наоѓал со националниот тим, но и кој и колку долго тоа го толерирал.

Она што можам да го кажам е дека играчите заминаа од хотелот, а дали се вратиле пијани или не, не знам со сигурност. На крајот, јас не сум полицаец за да ги проверувам, ако самите немаат одговорност што се смее, а што не, јас тука не можам да им помогнам. Она што можам да го кажам категорично е дека од денеска повеќе ќе нема попуст за никого, во хрватската репрезентација ќе постои нулта толеранција за алкохол, дефинитивно ќе нема место за алкохолизирани играчи“ – истакна Раѓа.

Едно е сигурно, хаосот што веќе подолго време владее во хрватската кошарка не е ниту близу до расчистување, а со вакви препукувања меѓу федерацијата и кошаркарите кризата само уште повеќе ќе се продлабочи во периодот што следи.

Се вчитува...