Диого Жота пристигна на „Енфилд“

Англискиот првак Ливерпул го донесе и второто големо засилување во последните два дена. По Тијаго Алкантара, нов фудбалер на Ливерпул е португалскиот интернационалец Диого Жота. Тој доаѓа од Вулверхемптон, а Ливерпул за него ќе плати околу 35 милиони фунти.

Жота беше во Вулверхемптон од 2017 година и на 111 меча постигна 33 гола. Претходно, тој настапуваше и за Порто, Атлетико Мадрид и Пасош Фереира. Португалецот треба да ја зголеми конкуренцијата на крилните позиции. Ливерпул претходно го ангажираше и грчкиот интернационалец Костас Цимикас од Олимпијакос.

Доаѓањето на Жота ќе значи и заминување на Дивок Ориги, кој не крие дека сака да биде во клуб каде би имал поголема минутажа.

Се вчитува...