Директор на Јувентус: Кога си замина Роналдо, сите бевме потресени и шокирани

Генералниот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене во интервју зборуваше за заминувањето на Кристијано Роналдо од тимот, и враќањето во Манчестер Јунајтед. Тој призна дека заминувањето на Португалецот ги оставил шокирани сите во Јувентус.

„Сезоната започна за нас со заминување на еден важен игрчач, па Јувенутс малку стравуваше. Кога ќе замине играч како Роналдо, тоа е неизбежно. Тој имаше голема одговорност во тимот. Сите бевме потресени и шокирани, но потоа сфативме дека тоа е природно. Сега играчите имаат поголема самодоверба и превзедоа дел од одговорноста. Мислам дека се движиме во правилна насока“, рече Аривабене.

Роналдо од Јувентус на почетокот на оваа сезона замина во Манчестер. Иако сите мислеа дека потписот со Сити е готова работа, на крајот се одлучи за Јунајтед, тим во кој остави голема трага.

Се вчитува...