Директорот на Атлетико Мадрид ги откри приоритетите на клубот во јануари

Атлетико Мадрид изминатите неколку дена се поврзува со можен трансфер на Единсон Кавани, за кого повеќе нема место во стартниот тим на Пари Сен Жермен.

Генералниот директор на клубот, Мингел Анхел Жил Марин откри дека клубот има намера во јануари да донесе нов напаѓач.

„Размислуваме за преодниот рок. Иако имаме малку финанси за вложување, бидејќи потрошивме околу 90 отсто и мораме да внимаваме на финансискиот фер-плеј кој е многу строг. Диего Коста нема да биде подготвен до февруари, а до тогаш треба да одиграме 18 натпревари, а го имаме само Мората. Наша цел е освојување на една од четирите позиции во домашното првенство, да го минеме Ливерпул во ЛШ и да го освоиме шпанскиот Супер куп“, изјави Жил. 

Се вчитува...