Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, во интервју за германскиот магазин „Билд“ ги демантираше гласините за евентуалниот трансфер на Михаел Олисе во Реал Мадрид кои се појавија летово.
Цело лето спортските медиуми пишуваа дека Реал Мадрид доставил безобразна понуда, а Олисе имал имал голема желба за да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
„Воопшто немаше никакви преговори со Реал Мадрид, ниту еднаш. Сето тоа се шпекулации“, открива Еберл.
Тој додаде дека добил порака преку социјалните мрежи од Олисе за време на СП која го загрижила, но кога ја прочитал, расположението му се сменило.
„За време на СП, Михаел ми испрати порака на Ватсап и едно време се двоумев дали да ја прочитам. Не знаев дали ме контактира поради Реал Мадрид, но всушност тоа беше негова фотографија со Ману Коне, кого во минатото го донесов во Борусија Менхенгладбах. Двајцата ми испратија поздрави од САД. ПОтоа го прашав Михаел дали сезонава сака да го носи дресот со број 11, но тој ми одговори дека сака да ја задржи 17-ката“, открива Еберл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
