Директорот на Ферари: Ред Бул е во предност бидејќи казната која ја добија е преблага

Новата сезона во најбрзото натпреварување на светот ја продолжи доминацијата на Ред Бул, а истото предизвика бес кај раководството на Ферари. Од италијанскиот тим се жалат за казата која ја доби австрискиот тим за надминување на финансиското ограничување претходната сезона.

Директорот на Феради, Фредерик Васер вели дека според него казната во однос на придобивките е преблага, а ефектот од недозволеното работење донел предност од стартот на сезоната.

„И понатаму сум уверен дека казната е многу блага. Ако ги земете во обѕир перформансите на автомобилот и дека тие се подобрени за една секунди во текот на сезоната во погледот на аеродинамиката казната од 10 отсто е еквивалетн на загуба од 0.1 секунда. Не сакам да кажам дека тие не работат многу добро на болидот, ниту пак да барам изговор, но да се прашувам јас казната е преблага. Таа нема ефект, а тие имаат предност од почетокот на сезоната бидејќи работеле на тоа година дена порано“, вели Васер.

Се вчитува...