Директорот на „Франс Фудбал“: Меси ја добил Златната топка? Тоа е едно големо ср.ње!

Бурни реакции во фудбалска Европа по информацијата на португалската телевизија РТП дека Лионел Меси е добитник на „Златната топка 2021“.

Директорот на „Франс фудбал“ (списание кое ја доделува најголемата индивидуална награда во светот на фудбалот), Паскал Фере жестоко ја нападна португалската телевизија тврдејќи дека сето тоа е лага.

„Таа информација е едно огромно ср.ње, како и многу други нешта изминативе десет дена. Голем блеф“ – истакна Фере.

Покрај Меси, главни кандидати за наградата најдобар на светот се Роберт Левандовски и Карим Бензема, а победникот ќе биде познат на 29. ноември. Аргентинецот, инаку, е рекордер со дури шест „Златни топки“.

Се вчитува...