Директорот на Наполи: Наскоро ќе го потпишеме новиот договор со Елмас

Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли по синоќешната победа во Џенова потврди дека наскоро ќе биде потпишан нов договор со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, со кој една од најголемите надежи на клубот ќе остане во Неапол до 2025 година.

Елмас кој уште во првата сезона во Серија А стигна до еден трофеј во Купот на Италија, експресно ги освои симпатиите на сите во Неапол, уште еднаш потенцирајќи го својот потенцијал и на синоќешниот дуел против Џенова каде одигра извонредно прво полувреме во кое ВАР-системот му поништи и гол.

„Работиме на продолжување на договорите со Елмас, Ди Лоренцо, Марио Руи, Зиелински и Максимовиќ. Планот е наскоро да ги финализираме“ – ја пренесува Наполи изјавата на Џунтоли на својот официјален Твитер профил.

 

Се вчитува...