Дваесет атлетичари се дисквалификувани од Летните олимписки игри во Токио поради пропусти на тестирањата на допинг. Од споменатите 20 атлетичари дури десет се од Нигерија и сите добија забрана за настап на игрите бидејќи не ги задоволиле антидопинг контролите надвор од натпреварувањето, објави Советот за интегритет во атлетиката (АИУ).
Нигерија е најмногу погодена бидејќи десет од 23 атлетичари добија забрана за настап на ОИ. Покрај Нигерија на списокот се најдоа и атлетичари од Кенија, Белорусија, Етиопија, Мароко и Украина.
За потсетување денеска стартуваа натпреварите во атлетика на игрите, а првата финална трка ќе биде на 10.000 километри во машка конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА