Дисциплинската комисија „удри“ по Интер: Без Инзаги против Наполи, казни и за Бастони и Лаутаро

Милан славеше во интересното градско дерби против Интер изминатиот викенд, а да биде уште поголем ударот за „нероазурите“, тие денеска ги добија своите казни поради нередите на дербито.

Финишот на натпреварот беше напнат по исклучувањето на Тео Ернандез кој направи намерен прекршок врз играч на Интер. Тој доби казна од 5.000 евра, и мина, се чини, најлесно.

Дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони доби два меча суспензија поради тоа што во тунелот ги навредувал службените лица и судиите. Со еден натпревар е казнет тренерот Симоне Инзаги поради навредите кон судиите, па затоа Интер ќе биде без тренер на дербито со Наполи.

Лаутаро Мартинез не доби суспензија, но доби парична казна од 10.000 евра поради навреди кон Ернандез.

Се вчитува...