Доаѓа наследникот на Гризман: Атлетико Мадрид понуди 126 милиони евра за Жоао Феликс

Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид испрати понуда вредна 126 милиони евра за ангажман на мегалентот на Бенфика, Жоао Феликс. Оваа информација доби официјална потврда од редовите на Бенфика. Жоао Феликс треба да биде наследникот на Антоан Гризман на „Ванда Метрополитано“.

Офанзивниот играч за врска на Бенфика е цел на најголемите европски клубови, но Атлетико Мадрид делува најенергично во обидите да го купи. Ова бидејќи ќе добие 120 милиони евра отштета од веќе најавениот трансфер на Гризман во Барселона, по 1 јули.

Жоао Феликс како неталентиран е ослободен од Порто, потоа доби шанса во лутиот ривал Бенфика и израсна во фантастичен фудбалер. Диего Симеоне во него гледа иден лидер на составот на Атлетико Мадрид.

Се вчитува...