Добар бизнис: Реал Мадрид го враќа кошаркарот што пред oсум месеци го продаде во НБА

Реал Мадрид осигура извонредно засилување за вториот дел од сезоната откако „кралевите“ го договорија враќњето на Габриел Дек назад во тимот предводен од Пабло Ласо.

Аргентинскиот ас беше значаен дел од ротацијата на Ласо, но пред крајот на ланската сезона си замина од Мадрид откако Оклахома Сити тандер ја активираше неговата НБА-клаузула и го доведе во најсилната лига во светот. Дек не се снајде најдобро, во изминатите осум месеци одигра само 17 средби (10 минатата и седум оваа сезона), со скромен просек од осум минути и 2,6 поени по натпревар.

Оклахома тогаш плати 1,5 милиони евра за да го доведе Аргентинецот, но сега го раскина договорот со него и овозможи тој без никаква отштета да се врати назад во Мадрид. Иако постоеја амбициозни најави дека Габриел Дек би можел да се пресели во белградски Партизан, челниците на Реал експресно постигнаа договор со својот поранешен кошаркар, враќајќи го назад во шпанскиот главен град.

Договорот ќе биде потпишан на две и пол години, но со клаузула за можно враќање на Дек во НБА-лигата, опција со која Реал би заработил 2,5 милиони евра при заминувањето на Аргентинецот.

Се вчитува...