Добар голман, слаб стратег – Зенга со 18. клуб во тренерската кариера

Еден од бројните примери за играчи со добри кариери кои потоа не продолжиле во ист стил и како тренери е и случајот на Валтер Зенга, кој денеска потпиша договор со Венеција. Станува збор за клуб од втората италијанска лига што се бори за опстанок во овој ранг на натпреварување, а самиот факт дека Зенга го прифатил овој предизвик доволно говори за неговото педигре, кое од година во година се повеќе се намалува.

Италијанецот лани испадна од елитното друштво со Кротоне, а најголемиот успех како тренер го имаше со Црвена звезда во 2006 година, кога стигна до двојна круна на српската фудбалска сцена. Потоа тој покрај во татковината работеше и во САД, Романија, Турција, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Англија… но никаде не оствари ниту приближен успех на очекувањата.

Венеција е осумнаесетти клуб во кариерата на Валтер Ѕенга, што доволно говори за неговиот тренд на брзи промени (откази) во речиси сите тимови во кои има работено. Осумнаесет клубови, а има само 58 години.

Се вчитува...