Ракометниот вицешампион на Македонија, Еурофарм Пелистер ги доби противниците во групната фаза во новата сезона од Лигата на Европа. Денешната ждрепка одлучи битолчани да се најдат во групата Д заедно со екипите на Татабања, АЕК, Спортинг Лисабон, Ним и Шафхаузен.
Поволна ждрепка за македонскиот тим бидејќи успеа да ги избегне тимовите од шпанското првенство и германската Бундеслига, како и квалитетни противници како Нант на Кирил Лазаров, но и португалска Бенфика која го елиминираше Рајн Некар Левен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА