Добра инвестиција – Коби Брајант вложи 6, а заработи 200 милиони долари

Поранешниот кошаркар на ЛА лејкерс, Коби Брајант покажа дека кошарката не е единствената професија за која има добар инстинкт.

Колку што беше успешен на терен, Брајант е подеднакво успешен и во бизнисот. Пред четири години ѕвездата на НБА вложи шест милиони долари за да купи 10 проценти од акциите на енергетскиот пијалак „Боди армор“ кое е претставено како поздрава верзија на конкурентите.

Четири и пол години подоцна вредноста на делот од акциите на Коби се зголеми за 30 пати.

Тој во меѓувреме стана четврти најголем инвеститор во тој бренд зад Кеуриг Пепер, Мајк Репола и Кола-кола.

Кога Коби Брајант ги вложи парите, „Боди армор“ имал 10 милионин евра годишно во продажба. Според проценките, до крајот на оваа година тој профит ќе изнесува 400 милиони долари.

Се вчитува...