Добра вест за Артета: Повредата на Рајс не е сериозна

Фудбалерот на Арсенал, Деклан Рајс, не се повреди сериозно на натпреварот од шестото коло на Премиерлигата против Тотенхем.

 Рајс беше заменет на полувремето на градското дерби кое заврши без победник 2-2. По вчерашните прегледи било утврдено дека Рајс нема сериозна повреда на грбот.

Тој би можел да го пропушти осминафиналето на Лига купот со Брентфорд за два дена, но треба да биде подготвен за саботниот натпревар од седмото коло во Премиерлигата против Бормут.

Арсенал моментално се наоѓа на петтото место на табелата во Премиерлигата, со четири бода помалку од првопласираниот Манчестер Сити.

Се вчитува...