Добра вест за Барса пред „Ел Класико“

Барселона има проблеми со нападот во пресрет на неделниот дуел со Реал Мадрид, но тренерот Сетиен доби добра вест барем кога станува збор за дефанзивната линија на каталонскиот гигант. Имено, Жерар Пике без никакви проблеми го издржа денешниот тренинг на Барса, добивајќи зелено светло за пат кон Мадрид и настап на неделната пресметка на „Сантијаго Бернабеу“.

Пике настрада во самиот финиш од гостувањето против Наполи во Лигата на шампионите, по што мораше да биде заменет поради болка во пределот на скочниот зглоб. Во прв момент се чинеше дека ќе биде неопходна пауза од најмалку една седмица, но искусниот шпански дефанзивец успеа да се рехабилитира експресно, намалувајќи ги главоболките на Сетиен во пресрет на големото дерби.

На денешниот тренинг се појави и Жорди Алба, кој веќе извесно време е повреден. Левиот бек одработе дел од тренингот со екипата, но нема да може да му помогне на каталонскиот гигант на дуелот во Мадрид.

Се вчитува...