Најновите детални лекарски прегледи врз Килијан Мбапе донесоа добри вести за ПСЖ, откако беше обелоденето дека повредата на извонредниот голгетер не е сериозна колку што се чинеше во прв момент на куп-финалето со Сент Етјен. Мбапе по бруталниот старт веднаш мораше да биде заменет, се чинеше дека повредата ќе значи и повеќемесечна пауза, но според последните информации тој ќе може да се врати на терените за околу дваесет дена.
„По прегледите врз повредениот зглоб на Килијан Мбапе утврдено е оштетување на екстерните лигаменти. Неговиот камбек може да се очекува за три седмици“, се вели во најновото соопштение на лекарскиот тим на ПСЖ.
Ова значи дека Мбапе најверојатно ќе го пропушти четвртфиналето од Лигата на Шампионите против Аталанта закажано за 12 август, но доколку ПСЖ победи може да се очекува францускиот ас да се врати во тимот за полуфиналната пресметка на 18 август против подобриот од мечот Лајпциг – Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА