Добра вест за Тотенхем – Кејн се враќа на терените порано од очекуваното

Првата ѕвезда на Тотенхем Хари Кејн ќе се врати на терените побрзо од очекуваното, изјави менаџерот на клубот, Жозе Мурињо. Првите прогнози беа дека тој може да се врати на терените негде при крајот на сезоната, но менаџерот на клубот вели дека е можно тоа да се случи многу побрзо.

„Има голем напредок во неговото опоравување. Ми дава надеж дека ќе биде подготвен ако не за еден, можеби за два, три или четири натпревари“, изјави Мурињо. 

За потсетување Хари Кејн го повреди бутниот мускул на мечот против Саутемптон, а во тој момент најоптимистичките мислења околу неговата повреда беа дека тој до април сигурно нема да се врати на терените.

Се вчитува...