Добра вест за Уругвај: Мускулот на Кавани не е скинат

Шансите на Единсон Кавани за настап на четвртфиналето против Франција осетно се зголемија откако денешните лекарски прегледи покажаа дека повредата заработена на осминафиналето со Португалија не е премногу сериозна.

Уругвајците стравуваа дека станува збор за кинење на мускулот, што ќе значеше сигурна пауза од најмалку две седмици, но деталните прегледи покажаа дека повредата е понаивна од првичните прогнози.

Мускулот дефинитивно не е скинат, Кавани денеска и утре нема да тренира, по што ќе биде познато какви се шансите за негов настап против Франција.

Се вчитува...