ДОБРИ ВЕСТИ: Ериксен е при свест, однесен е на клиника! (ВИДЕО)

Добри вести доаѓаат за данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен кој се сруши на теренот за време на пријателскиот натпревар на Данска со Украина во Одензе.

Откако дуелот веднаш по тоа беше прекинат, на сите на стадионот им беше кажано дека фудбал повеќе нема да се игра и дека Ериксен, со оглед на околностите, е добро, објави данската ТВ2.

Исто така последно и од Данската фудбалска федерација потврдија дека Ериксен е во свесна состојба и сместен и згрижен во клиниката во Одензе.

Како што претходно објавивме, вистински шок и молк настана на теренот откако Кристијан Ериксен само падна на теренот. Најпрво се фати за градите и се сруши на теренот.

Медицинските екипи веднаш се упатија кон него, а откако беше изведен од теренот, судијата досуди крај на дуелот.

По неговото внесување во амбулантното возило сите играчи, од двете репрезентации, го поздравуваа Ериксен и неговата сопруга на пат кон болницата.

Како што е познато, Ериксен веќе еднаш беше вратен во живот на фудбалските терени, кога доживеа срцев удар и се сруши на теренот на ЕВРО 2020, кое поради пандемијата се одигра во 2021 година.

Се вчитува...