ШОК и МОЛК: Ериксен се фати за градите и се сруши на теренот! (ВИДЕО)

Пријателскиот натпревар меѓу Данска и Украине е прекинат во 69.минута при водство на Данците од 2-1.

Вистински шок и молк на теренот откако Кристијан Ериксен само падна на теренот. Најпрво се фати за градите и се сруши на теренот.

Медицинските екипи веднаш се упатија кон него, а откако беше изведен од теренот, судијата досуди крај на дуелот.

Како што е познато, Ериксен веќе еднаш беше вратен во живот на фудбалските терени, кога доживеа срцев удар и се сруши на теренот на ЕВРО 2020, кое поради пандемијата се одигра во 2021 година.

Се вчитува...