Ниту еден од фудбалерите на Фиорентина кои изминативе 14 дена беа во задолжителен карантина не е позитивен на коронавирус, информираа денеска од клубот.
Поголемиот дел од фудбалерите претходно биле во контакт со Душан Влаховиќ, кој беше заразен од Ковид-19. Беа во карантин, но по тестовите направени изминативе денови денеска и официјално е утврдено дека ниту еден од нив не е позитивен по што го напуштаат карантинот, и сега ќе се придржуваат единствено на превентивните мерки од Владата на Италија.
Членовите на клубот кои, пак, од претходно беа позитивни се на лекување и добро се опоравуваат. Меѓу нив е и Душан Влаховиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА