Добри вести од Сараево, Спахиќ е надвор од животна опасност

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Емир Спахиќ и покрај големиот број скршеници кои ги доби во сообраќајната несреќа во Требиње, е надвор од животна опасност, пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина.

Спахиќ доживеа сообраќајна несреќа во Требиње во која доби скршеници на потколеното и ребрата. Тој во моментот на несреќата бил на совозачкото седиште кога автомобилот излетал од патот.

Тој е префрлен во болницата во Сараево каде се наоѓа во стабилна состојба, но ќе треба многу време за опоравување, пренесуваат докторите.

Се вчитува...