Добри вести за Атланта: Богдановиќ почна да тренира со екипата! (ВИДЕО)

Добри вести пристигнаа за Атланта откако лекарскиот тим го извести клубот дека повредата на Богдан Богдановиќ е веќе минато. На Србинот конечно му дојде времето за враќање на теренот.

Богдан е виден на еден од тренинзите на Атланта, заедно со Треј Јанг како го одработува шутерскиот дел од тренингот.

Имајќи предвид дека имаше проблем со стопалото, лекарскиот тим верува дека сето тоа е минато и дека Богдановиќ ќе биде подготвен на некој од следните натпревари.

 

 

Се вчитува...