Добри вести за Челси: Стоперот останува на „Стемфорд Бриџ“ (ФОТО)

Сеуште останува неизвесно дали „сините“ ќе успејат да осигураат продолжување на соработката со Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен, но лондонскиот состав денеска заврши работа за иднината откако го осигура потписот на Тревох Чалобах.

Дваесетидвегодишниот Чалобах потекнува од младинската школа на Челси и на „Стемфорд Бриџ“ ќе остане и во следните пет години. Стоперот не беше во план во претходните сезони, но оваа се наметна како еден од стандардните играчи со шест настапи во Премиерлигата, два во Карабао Купот и по еден во Лигата на Шампионите и Суперкупот на УЕФА.

Се вчитува...