Добри вести за Олимпијакос: Се враќа Никола Милутинов

Олипијакос доби добри вести во пресрет завршницата на регуларниот дел од сезоната во Евролигата. Српскиот центар Никола Милутинов е пред камбек на терените кој се очекува за две недели.

Србинот го повреди стапалото на дерби натпреварот помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос откако згазна на ногата на свој соиграч по што мораше да помине и низ оперативен зафат.

Добрите вести ги најави тренерот Јоргос Барцокас кој говореше за камбекот на еден од своите најдобри кошаркари по дуелот во грчкиот шампионат против Кардитас.

Се вчитува...