Добри вести за „росонерите“: Пиоли останува во Милан и во следните две години (ФОТО)

Стефано Пиоли и Милан договориле продолжување на соработката на уште две години и наскоро ќе го официјализираат договорот, пренесуваат италијанските медиуми. Италијанскиот стратег седна на клупата на „росонерите“ во 2019 година и е еден од „виновниците“ за враќањето на миланскиот клуб при врвот на италијанскиот фудбал.

Претходната сезона Милан заврши како второпласиран, а оваа е на делба на првата позиција со 32 освоени бода по 13 одиграни натпревари.

Се вчитува...