Добро познат „терен“ – по четвртипат се враќаме во Ереван (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Ереван, Ерменија

Никола Ѓуровски

Македонската репрезентација во комплетен состав го одработи првиот тренинг по пристигнувањето во Еревен пред натпреварот од Лигата на нации против домаќинот Ерменија кој не очекува во вторник.

Добро познат терен за македонските фудбалери во Ереван кои денеска тренираа на комплексот на Фудбалската федерација на Ерменија каде беа одработени тренинзите и во октомври 2011 година кога гостувавме во рамките на квалификациите за ЕП 2012 под водство на Џон Тошак.

Македонија, всушност, четврти пат гостува во Ерменија а претходно имаме победа (1-2), реми (2-2) и пораз (4-1) од натпреварите одиграни во оваа земја.

Селекторот Игор Ангеловски на репрезентативците им сервираше денеска чисто релаксирачки тренинг, еден вид рекуперација и по синоќешниот дуел со Лихтенштајн и по денешниот пат до Ереван… Чисто за адаптација!

 

Се вчитува...