Додека чека компензација од Барселона, Миротиќ откри како ги поминува летните денови (ФОТО)

Никола Миротиќ разврската од прекинот на соработката со Барселона ја чека во Србија каде вчера слета во Белград на големо воодушевување на навивачите на Црвена Звезда и Партизан кои се надеваат дека шпанскиот репрезентативец со црногорско потекло ќе го засили нивниот клуб.

Поранешниот НБА кошаркар на масата воедно има и богати понуди од Панатинаикос, Олимпијакос и Монако, но додека не се реши случајот со Барселона не може да ја избере следната дестинација. А, додека неговата менаџерска компанија работи на случајот Миротиќ објави фотографија на социјалните мрежи како го поминува времето помагајќи и на баба му.

 

Се вчитува...