Додека Јунајтед се фокусираше на минатото, Тотенхем им ја „украде“ иднината (ФОТО)

„Островот“ денеска не мируваше на трансфер маркетот. Покрај Манчестер Јунајтед кој се осврна на минатото и успеа да го врати својот легендарен фудбалер, Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“, потег за иднината направи Тотенхем.

Имено, нов играч на лондонскиот клуб е мега талентот Папе Сар кој во клубот доаѓа од редовите на Метс во трансфер вреден 15 милиони евра. Сенегалецот кој е еден од најталентираните играчи од својата генерација беше трансфер цел и на Манчестер Јунајтед, меѓутоа „петлите“ успеаја да ја добијат оваа битка.

Играчот од средината на теренот до крајот на сезоната ќе остане во францускиот тим и ќе му биде на располагање на Нуно Еспирито Санто од следната сезона.

Интересно е тоа што Тотенхем е блиску до осигурање на уште еден мега талент, Илаиш Мориба од редовите на Барселона. 18-годишникот и каталонскиот клуб не успеаја да се договорат за продолжување на соработката, а тоа ќе се обиде да го искористи Тотенхем до крајот на перодниот рок со што клубот од Лондон сериозно ќе инвестира во иднината.

Се вчитува...