Додека му се подготвува отказ, Чави добил понуда за селектор

Чави најверојатно ќе добие отказ од Барселона во наредните денови, а веќе на големо се зборува за Ханси Флик да биде нов тренер на каталонскиот клуб. По несогласувањата кои ги имаше со Жоан Лапорта, на крајот во Барселона донесоа одлука за промена на тренерот, со оглед на тоа што Чави повеќе нема авторитет во соблекувалната на каталонскиот клуб.

Чави изјави дека нема да бара отштета од Барселона на која му следува поради предвременото раскинување на договорот од страна на клубот, што е само уште еден доказ за љубовта што ја има кон каталонскиот клуб. Сепак, се чини дека Чави нема да има проблем да најде нова работа, бидејќи наводно пред неколку дена добил понуда.

Мундо Депортиво објави дека Чави добил покана од Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја, и дека му било понудено да ја води репрезентацијата на оваа земја, која неодамна остана без селектор по отказот на Јирген Клинсман. Сепак, Шпанецот одбил да биде селектор, наводно кажувајќи дека сака добро да се одмори сега летово, но и дека има намера да се посвети само на клупскиот фудбал.

Се вчитува...