Легендарниот италијански фудбалер Паоло Роси вчера беше погребан во Виченца. Додека траел погребот група краадци ја искористиле ситуацијата за да го ограбат домот на Италијанецот, пренесуваат медиумите на Апенините.
Украдени се неколку лични предмети на Роси, меѓу кои бил и неговиот вреден часовник. Кражбата ја забележала неговата сопруга кога се вратила од погребот и била навистина изненадена од тоа што ја дочекало.
Полицијата отворила случај и како што пренесува тамошното министерство велат дека работат на негово осветлување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА