Доделени фудбалските награди „Глобал“ – Најдобар фудбалер за 2025 е Усман Дембеле

На гала церемонија во Дубаи вечерва се доделија наградаите „Глобал“. За најдобар фудбалер за 2025 година е избрана ѕвездата на Париз Сен Жермен, Усман Дембеле.

Најдобар фудбалер на блискиот исток беше избран Кристијано Роналдо. Награди во различни категории земаа и Јамин Ламал, Дезире Дуе, Витиња и Луис Енрике. За кам-бек на годината наградата му припадна на Пол Погба кој се врати по суспензијата поради допинг.

За најдобар клуб во машка категорија е избран Пари Сен Жермен, додека кај дамите Барселона. За најдобар спортски директор е избран Луис Кампос од ПСЖ, додека за најдобар агент, агентот на Роналдо, Жорже Мендеш.

 

Се вчитува...