Договорен важен потпис во Реал Мадрид

Реал Мадрид осигура важен потпис откако го договори продолжувањето на соработката со Арда Ѓулер, турскиот репрезентативец кој ќе се обврзе на верност кон „кралевите“ до јуни 2031 година.

Арда е дел од „кралскиот клуб“ од 2023 кога како 18-годишен тинејџер пристигна од редовите на Фенербахче. Како што одминуваат сезоните така и неговата улога во тимот е се позначајна, па јасно е зошто управата не чекаше многу, па иако тој имаше договор до јуни 2029 беа стартувани преговори што завршија успешно и го осигураа престојот на турскиот плејмејкер во Мадрид за дополнителни две сезони.

Мурињо не го крие задоволството од настапите на турскиот ас, споредувајќи го Ѓулер со големиот Лука Модриќ поради подготвеноста да игра на сите позиции во средниот ред.

Ѓулер ланската сезона настапи на 51 натпревар за Реал Мадрид, постигнувајќи четири гола и 16 асистенции.

Се вчитува...