Договорено: Алонсо се враќа во Формула 1

Фернандо Алонсо е подготвен за камбек во Формула 1 откако шпанскиот возач ги договори сите детали со раководството на Рено за да се врати во тимот со кој беше шампион во 2005 и 2006 година. Алонсо веќе е ветеран, на крајот од месецов ќе наполни 39 години, но челниците на Рено сметаат дека Шпанецот е идеален возач за да го врати овој тим на победнички патеки.

Францускиот тим за утре во 13 часот закажа „важна прес-конференција“, а медиумите ја открија „важноста“, на неа ќе биде официјализирана соработката со двократниот Ф-1 шампион. Тој ќе седне во болидот на Рено од 2021 година, когаќе го замени Даниел Рикиардо и за тимски колега ќе го има Естебан Окон.

Алонсо има зад себе импресивни бројки, 312 трки во Формула 1, 32 победи, 97 подиуми и 22 пол-позиции, но предизвикот ќе биде огромен, да го врати Рено на старите патеки.

Се вчитува...