Договорено: Азар станува „крал“ за 100 милиони евра

Трансферот на Еден Азар од Челси во Реал Мадрид е завршена работа и ќе биде официјализиран во следните неколку дена. Ова го тврди мадридскиот весник „Марка“, кој важи за најдобро упатен во трансфер-зделките на најтрофејниот европски клуб. Според информациите на „Марка“, начелен договор постои уште од минатото лето, а во последниот месец преговорите се интензивирани за трансферот да биде официјализиран што поскоро.

Реал лани испрати понуда од 80 милиони евра за најдобриот фудбалер на Челси, но лондонскиот клуб ја одби оваа сума со порака дека Азар не е за продажба. За самиот фудбалер да не крене бунт дојде до „тивок договор“, во јуни 2019 година да му биде дозволено заминување од Лондон, а приоритет да бидат преговорите со Реал.

„Кралевите“ се согласиле да ја зголемат понудата од 80 на 100 милиони евра, се со цел, трансферот експресно да биде комплетиран, за потоа Зинедин Зидан да се насочи кон останатите желби за летниот преоден рок. Пол Погба е следен на листата на приоритети на тренерот на Реал, заедно со Ериксен и Гундоган, но и со Лука Јовиќ од Ајнтрахт и Садио Мане од Ливерпул.

Се вчитува...