Договорено: Кутињо потпишува за Астон Вила

Филипе Кутињо дефинитивно пресече – Астон Вила ќе биде новиот клуб на бразилскиот генијалец кој конечно ќе стави крај на својот кошмар во Барселона.

За услугите на екс-играчот на Ливерпул се интересираа неколку премиерлигаши, до последен момент во игра беше Тотенхем, но пресуди желбата на Кутињо да настапува за Стивен Џерард, со кого своевремено имаше беспрекорна соработка додека Џерард беше играч во Ливерпул.

Постигнат е целосен договор, Кутињо ќе замине на шестмесечна позајмица во Астон Вила, а Барселона ќе покрива мал дел од неговата плата. Со заминувањето на Бразилецот каталонскиот гигант ќе отвори простор во буџетот за плати за да го регистрира Феран Торес, кој наскоро ќе може да дебитира во дресот на Барса.

Се вчитува...