Договорено: Тринкиери ќе биде новиот тренер на Партизан

Андреа Тринкиери ќе биде наследникот на Жељко Обрадовиќ на клупата на Партизан откако „црно-белите“ веќе ги договориле клучните детали од соработката со овој квалитетен стратег.

Сепак, во Партизан чекаат да се смири бурата околу Жељко Обрадовиќ па дури потоа да го претстават новиот тренер, поради што Тринкиери нема да го води тимот на наредниот евролигашки дуел против Баерн Минхен закажан за четврток.

Италијанецот важи за миленик на навивачиите од претходната авантнура како предводник на Партизан, кога со лимитиран ростер „црно-белите“ играа извонредна кошарка, но по прекинот на сезоната 2019/20 поради коронавирусот тој си замина од белградскиот клуб.

Тринкиери не се раздели најдобро од претседателот Мијаиловиќ откако го тужеше Партизан, на крајот и го доби тој спор, но двајцата сепак седнаа на маса и ги договорија клучните детали од соработката со загарантиран договор до јуни 2027 година.

Се вчитува...