Доха се смилува за маратонците, во понормални услови титулата ја освои Етиопиецот Десиса

Лелиса Десиса ја зголеми колекцијата медали од светските атлетски првенства освојувајќи ја титулата во најдолгата дициплина на шампионатот во Доха. Тој го постави најдоброто време годинава, за златото трчаше 2:10:40 часа и ја предводеше етиопијската еден-два победа. Претходно Десиса имаше бронзен медал од првенството во Москва пред шест години.

Неговиот сонародник, Мосине Жеремјев го освои среброто откако задоцни само четири секунди. Бронзен стана Кениецот Амос Кипруто.

За разлика од женската маратонска трка која се одржа на првиот ден од првенството, маратонците имаа многу подобри временски услови. Температурата беше 29 степени целзиусови, а влажноста 48 проценти што ја направи трката многу поедноставна за разлика од онаа на маратонките.

Се вчитува...