Дојава за бомба во автомобилите на Меси и на Суарез

Лионел Меси и Луис Суарез никако не можат целосно да се релаксираат за време на семејниот одмор на Ибица. Денеска двајцата фудбалери беа информирани дека полицијата мора детално да ги прегледа нивните автомобили откако добила дојава дека во нив се наоѓаат експлозивни направи.

Автомобилите се паркирани на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона додека фудбалските „ѕвезди“ со семејствата се наоѓаат на Ибица, но полицијата преку телефонски повик била информирана за две бомби на аеродромот, токму во нивните возила. На крајот се покажало дека станува збор за лажна информација,

Луис Суарез треба утре да се врати на тренинзите на Барселона, додека пристигнувањето на Меси во тренинг-кампот е закажано за 4 август.

Се вчитува...