Дојде и тој ден: Арсенал пред Барселона во трката за шведскиот голгетер

Се помала е веројатноста дека Пјер-Емерик Обамејанг ќе се врати во Арсенал по завршување на настапите за Габон во Афричкиот куп бидејќи „топџиите“ веќе ја најдоа неговата замена во шведскиот голгетер од редовите на Реал Сосиедад, Александер Исак.

Дваесетидвегодишникот одличната форма од претходната сезона и настапот на Европското првенство ја преслика и во новата во која седум пати ја тресеше мрежата на противниците. Од нив четири гола доаѓаат на 16 настапи во Ла Лига, а три од пет одиграни средби во Лига Европа.

За потписот на Исак се бореше и Барселона, но каталонскиот тим е се подалеку од договор со шпанскиот тим. Како главна причина за истото е откупната клаузула од 75 милиони евра, сума која мора да ја плати клубот кој сака да го ангажира Швеѓанецот.

Се вчитува...